Македонија доби 130 милиони евра од Дојче Банк и Сити Банк

Bez autora
Nov 09 2011

Република Македонија доби понуда за заем од 130 милиони евра од Дојче банк и Сити банк по поволни услови. Според министерот за финансии Зоран Ставрески, Владата ја прифати понудата и предлог-законот за задолжување веќе е доставен до Собранието на РМ. Заемот е со рок на отплата од пет години, со камата која во моментов изнесува 4,25 отсто плус 0,5 проценти провизија за Светска банка за гаранцијата на кредитот. Ќе се отплаќа еднократно по завршување на петтата година од денот на повлекување на средствата што ќе се случи по 30 дена откако Собранието ќе го донесе Законот за задолжување на РМ. Условите на заемот се исклучително добри, со оглед на тоа што вкупните трошоци за овој кредит нема да достигнат повеќе од 4,8 проценти, што е исклучително добра каматна стапка имајќи предвид што се случува на финансискиот пазар. Ваквата понуда е уште една потврда на неодамнешните резултати во Дуинг бизнис и потврдата од страна на Фич за целокупните економски политики, што ги водиме овие години кои придонесуваат земјава да биде оценета од страна на светските кредитори како стабилна земја со силни економски перформанси и макроекономски политики.

Македонија доби 130 милиони евра од Дојче Банк и Сити БанкРепублика Македонија доби понуда за заем од 130 милиони евра од Дојче банк и Сити банк по поволни услови.

Според министерот за финансии Зоран Ставрески, Владата ја прифати понудата и предлог-законот за задолжување веќе е доставен до Собранието на РМ. Заемот е со рок на отплата од пет години, со камата која во моментов изнесува 4,25 отсто плус 0,5 проценти провизија за Светска банка за гаранцијата на кредитот. Ќе се отплаќа еднократно по завршување на петтата година од денот на повлекување на средствата што ќе се случи по 30 дена откако Собранието ќе го донесе Законот за задолжување на РМ.

- Условите на заемот се исклучително добри, со оглед на тоа што вкупните трошоци за овој кредит нема да достигнат повеќе од 4,8 проценти, што е исклучително добра каматна стапка имајќи предвид што се случува на финансискиот пазар. Ваквата понуда е уште една потврда на неодамнешните резултати во Дуинг бизнис и потврдата од страна на Фич за целокупните економски политики, што ги водиме овие години кои придонесуваат земјава да биде оценета од страна на светските кредитори како стабилна земја со силни економски перформанси и макроекономски политики. Од тие причини, дури и во вакви времиња кога земјите доаѓаат тешко до финансиски средства и никој не прашува за цена. Не само што добивме 130 милиони евра, туку ги добивме по исклучително поволни услови - истакна Ставрески. Средствата ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит за годинава и дел за наредната.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik